Клинички прегледи и терапија, Вакцинации, Дехелминтизации, Хируршки интервенции, Домашна посета моб: 078 206 972

16 Корисни показатели како подобро да го разберете вашето куче

Како да разберете што сака?
Научете го јазикот на телото на вашето куче. 
На тој начин ќе изградете посилна релација.


                                





                       
                                                  

Зошто креторот на расата лабрадудл се кае за својот изум?

Сега веќе деведесет годишниот Воли Конор, одгледувач на лучиња од Австралија, во 1989 година ја створил расата лабрадудл, како би ги задоволил специфичните потреби на еден пар од Хаваи. 
На жената и било потребно куче водиќ за слепи особи, а нејзиниот сопруг бил алергичен на кучиња со влакна како на лабрадорот.  Неговото решение било да ги вкрсти расите пудлица и лабрадор. 
Ова вкрстување станало голем тренд во светот, што луѓето почнале да вкрстуваат пудлици со било која друга раса и добивале многу симпатични кучиња, но не обратиле внимание дека се загрозува нивното здравје. 
Многу мешани раси на кучиња добиени со вкрстување, вклучувајќи го и лабрадудл се осетливи на наследни болести, што го отежнува нивниот живот, но и животот на нивните сопственици. 







                                            

Уживање за прв пат во купка


Некои кучиња целиот живот го поминуваат на улица. За тоа време, тие се справуваат со разни тешкотии, понекогаш нивните приказни имаат среќен крај. Таква е приказната за еден питбул кој бил пронајден во пластична кутија, повреден, исплашен и гладен.

Неговите спасувачи го однеле на преглед, го хранеле и нашле привремен дом. Наскоро следеше и првата бања, а овој питбул беше особено задоволен и уживаше. Неговите нови сопственици  го снимаа моментот и го споделија видеото со светот со надеж дека ќе ги охрабрат другите да прават слични работи. Видеото можете да го погледнете подолу.



                           

Наскоро во регионот ќе се прави крематориум за миленици


Неодамна во Белград најавена е постапка за изградба на животински гробишта, во која ќе има и крематориум миленичиња. 

Најавена е набавка за изработка на техничка документација за добивање градежна дозвола и изведување на работи. Местото каде што ќе се спалуваат мртвите животни ќе се состои од два дела - дел за прием и складирање и крематориум.

За потсетување, претходно оваа година беше одобрен урбанистички проект за изградба на гробишта за миленичиња по јавен увид, што беше еден од предусловите за натамошно дејствување. 

Дали кучињата знаат да препознаат лажго?


Дали некогаш сте се обиделе да го излажете вашето куче, наводно да ја фрлите топката кон него или да го насочите во погрешна насока, но тој да не наседне на вашите намери? Според последните истражувања, нашите крзнени придружници брзо сфаќаат на која личност не треба да му се верува и со тек на време почнуваат да ја игнорираат.

Неодамна напишавме за една студија која открила дека кучињата знаат да прават разлика помеѓу весели и лути лица и да постапуваат на нив, а списанието Animal Cognition изнесе детали како кучињата знаат кога некој лаже.

За да се утврди ова, истражувачите предводени од Акика Такока од Универзитетот во Јапонија во Кјото испитале 34 кучиња во три круга. Во првиот круг, тие возбудливо им покажаа на кучињата каде се крие храната и со тоа добија доверба. Но, во вториот круг, истите испитувачи лажеа затоа што им покажаа на кучињата празен сад. Во третиот круг, испитувачите повторно го покажаа садот за храна, но кучињата повеќе не одговорија, јасно укажувајќи на одредено ниво на недоверба или барем збунетост.

За да утврдат точно за што станува збор, истражувачите донеле нов испитувач што кучињата не го знаеле. Тој возбудено ги посочи кучињата во садот за храна и кучињата повторно реагираа добро.

Љубовта спрема кучињата е наследна особина


Научниците од целиот свет спроведуваат разни истражувања и експерименти, помеѓу останато се занимаваат и го испитуваат генот кај луѓето кој е одговорен за покажување и оддавање љубов спрема кучињата.

Според едно такво истражување на шведскиот универзитет во Упсала, се докажало дека љубовта спрема кучињата е наследна особина.

Имено тие го испитувале однесувањето, склоноста и желбата да имаат куче  на 35.000 парови близнаци. Добиените резултати говорат дека одлуката дали ќе имаат куче или не, делимично зависи и од генетските предиспозиции.

извор: National Geographic


Препорака - и производите без шеќер можат да бидат опасни!

фото: Pixabay

На сите им e познато дека кучиња не треба да јадат блага храна и дека шеќерот е штетен по нивното здравје. Сепак многумина мислат  дека одредени производи обележани како шугар фри, односно без шеќер, се добри за нивните миленици и би можеле да ги заблажат со закуски  кои во себе имаат замена за шеќер.
Сепак, ова би можело да биде ризичен потег, многу такви производи како замена користат супстанца ксилитол, засладувач кои е потполно безбеден за луѓе, но за кучиња погубен. Во последниве неколку години регистрирани се смртни случаи кај кучиња по конзумирањето на храна во која се наоѓал ксилитол.
Ксилитол кај кучиња по конзумирањето, предизвикува нагло ослободување на инсулин, хормон кој му дозволува на шеќерот да се апсорбира во клетките. Овој пораст на шеќер во крвта станува ризичен по живот  на кучиња. Првите симптоми се повраќање, малаксалост, отежнато движење и стоење, нервни напади и на крајот до  коматозна состојба. Сето ова  се случува во роко од петнаесет минути по конзумирање храна со ксилитол, а смртта е можно да настапи и за помалку од еден час!
Им советуваме на  сите сопственици на кучиња да ги проверат состојките на храна и сите останати производи како паста за заби,специјално тие што се обелжани како да се „без шеќер„ или со „ниска концентрација на шеќе. Помеѓу останатото, ксилитолот најчесто се среќава во: сладоледи без шеќер, пасти за заби ,сирупи за кашлица, путер од кикирики и лешник и слични производи.



Верни до крајот - го жртвувал својот живот за својата фамилија

фото: Facebook / Achy Wijaya

Сигурно до сега се имате уверено дека  кучето на човекот е најдобриот пријател, а од Индонезија ни доаѓа трагична приказна, за уште еден доказ на неизмерна храброст кај куче кое што заради својата фамилија го жртвуваше сопствениот живот.

Приказната се има случено во местото Марауке во Индонезија.Сопственикот Ачи Вијаја се разбудил рано наутро и во двориштето го пронашол своето куче како неподвижно лежи. Во текот на ноќта неговите сопственици го слушнале како лае, но мислеле дека тоа е поради мачките и не излегле да проверат што се случува.
Наместо мачки, во дворот влегле  разбојници  кои што имале планирано  таа вечер да влезат  во куќата но кучето почнало да ги лае. За да му се осветат, му дале отров. Кучето за жал наседнало на нивниниот план, а следното утро  кога го пронашол сопственикот, веќе било доцна.Од устата му излевала пена,а очите му биле насолзени. Најблизок ветеринар им бил предалеку и за кучето немало спас.
Ачи после ова непријатно и лошо искуство ја праќа следната порака до сите сопственици на кучиња – кога и да слушнете вашето куче непрестано да лае, обавезно излезете надвор и проверете за што се работи.


Супер се чуствува после стерилизацијата. Насмена кидна од амбуланта. . . . #remediumvet #ovariohisterectomia #dogs #dog #spaying

111 Likes, 0 Comments - 𝐕.𝐀. 𝐑𝐄𝐌𝐄𝐃𝐈𝐔𝐌 𝐕𝐄𝐓 (@remedium_vet) on Instagram: "Супер се чуствува после стерилизацијата. Насмена кидна од амбуланта. . . . #remediumvet..."

Оставете ја вашата e-mail адреса и останете информирани.
* indicates required





ДОМАШНА ПОСЕТА моб: 078 206 972